3D графити на Градскиот плоштад во Тетово

Група од дваесетина млади кративни тетовци деновиве работеше на исцртување на градскиот плоштад во Тетово. Целта е да се избришат препреките кои ги разиденуваат младите и да се рзавие поголема дружба меѓу нив.

кромид“Веќе некое време го гледавме плоштадот премногу празен и дојдовме на идеја да го пополниме просторот исцртувајќи ја асфалтната површина. Се собравме околу дваесетина млади и решивме да направиме 3D графити, со што би го разубавиле градот и би ги привлекле луѓето да го поминуваат своето слободно време на плоштадот, каде би се дружеле и би уживале во street art-от“ – ни изјави Марти Неделковски, од Тетово.

Од Советот на општината ни рекоа дека групата млади најпрво изразиле граѓанска иницијатива, а потоа и доставиле соодветна програма со која конкретизирале што поточно сакаат да изведат на плоштадот во Тетово.

“Детално ја разгледавме нивната програма и се одлучивме да им дозволиме на младите да ги реализираат своите креативни идеи. Сметаме дека ова е добра можност за покажување на нивните таленти“ – изјавија од Општината на градот Тетово.
Во текот на летниот периот, младите тетовци ни најавија дека планираат да организираат и фестивал на кој ќе настапуваат неколку локални бендови, а ќе се прикажуваат и рачни изработки во облик на накит, гоблени, плетена облека, цртежи и слично.

#кромид035

predupreduvawe