39 починати и 1.288 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 39 лица, односно, 16 пациенти од Скопје на 79, 80, 54, 70, 68, 54, 68, 82, 84, 68, 76, 75, 71, 60, 73 и 56 години, двајца од Куманово на 70 и 62 години, еден од Дебар на 87 години, еден од Штип на 71 година, тројца од Прилеп на 86, 76 и 68 години, четири од Тетово на 53, 72, 67 и 66 години и двајца од Струга на 68 и 69 години.

Потоа, од Ковид-19 починале и двајца пациенти од Велес на 67 и 78 години, двајца од Охрид на 68 и 73 години, еден од Струмица на 72 години, еден од Демир Хисар на 65 години, еден од Берово на 79 години, двајца од Кичево на 60 и 41 година и еден пациент од Неготино на 40 години.

Потврдени се 1.288 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 570 случаи во Скопје, 85 во Гостивар, 78 во Прилеп, 57 во Куманово, 56 во Тетово, 53 во Битола, 44 во Штип, 34 во Струмица, 32 во Велес, по 30 во Охрид и Кавадарци, по 28 во Струга и Кочани, по 22 во Неготино и Кичево, 21 во Гевгелија, 13 во Радовиш, 12 во Свети Николе, по 11 во Ресен и Виница, десет во Пробиштип, девет во Делчево, осум во Дебар, седум во Демир Хисар, пет во Крива Паланка, по три во Македонски Брод, Берово и Кратово, два во Валандово и еден случај е регистриран во Крушево.

Институтот за јавно здравје регистрирал 1.078 оздравени пациенти, односно, од Скопје-407, Куманово-33, Штип-32, Прилеп-36, Тетово-36, Струга-63, Велес-30, Битола-144, Охрид-52, Кавадарци-27, Гостивар-19, Гевгелија-10, Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Крушево-4, Кочани-11, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Берово-3, Валандово-2, Виница-6, Делчево-7, Кратово-3, Свети Николе-12,Кичево-72, Ресен-14, и од Неготино-14.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57451, бројката на оздравени пациенти е 34970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881. Од вчера се евидентира еден контролен тест“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 320.011 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.349 тестови.