373 нови случаи на коронавирусот и осум починати лица претходново деноноќие

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 2.345 тестирања.

Новозаболените по градови се регистрирани во: Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово – по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.

Изминатово деноноќие регистрирани се и 8 починати лица. 5 пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Претходниов ден од коронавирусот како оздравени биле регистрирани 309 лица.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 98.174. Бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.

Направените 2.345 тестови изминатово деноноќие биле преку: ИЈЗ-471, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-226, Биотек-246, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Систина-202, лабораторија Лаор–238, МАНУ-0, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-81, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 620, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-8, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 494.719 тестирања на Ковид-19.