Оние кои имале среќа да израснат во 80-тите, веројатно и денес се сеќаваат на својот прв компјутер – „Комодор 64“.
Тоа е најпродаваниот десктоп компјутер на сите времиња.
Претставен е во август 1982 година, а во текот на 80-тите доминирал на пазарот за компјутери.
Тој бил со одличен квалитет и достапен за повеќето луѓе, а успеа да го задржи интересот кај купувачите цели десет години.
Дел од корисниците подоцна ја имаа приликата да се запознаат со малку посилната верзија на овој компјутер, „Комодор 128“.