33 нови случаи и еден починат од Ковид-19 последново деноноќие

Министерството за здравство информира дека изминатото деноноќие потврдени се 33 нови случаи на Ковид 19, а оздравени се 22 пациенти, додека едно лице починало од коронавирусот.

Починатиот е 70-годишен пациент од Велес, кој на 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје при што починал на пат кон Скопската инфективна клиника.

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а 33-те нови случаи се регистрирани во: Скопје-11, Велес-9, Прилеп-5, Куманово, Битола и Тетово по 2 и Штип и Крива Паланка 1, каде е регистриран по еден случај.

Институтот за јавно здравје регистрира и нови 22 оздравени пациенти во: Прилеп-7, Куманово-6, Штип-3, Скопје-2, Кочани-2, Тетово-1 и Струга-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија, од почетокот на епидемијата, изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Од Министерството за здравство додаваат и дека:

Направените 332 теста се преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен ф-тет -17, Авицена –13, Биотек -22, Филип Втори (Жан Митрев) –19, Систина со PCR метода  -23 и МАНУ -20.  Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19.