32 починати и 199 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 32 лица. Од пријавените починати лица 30 починале во болнички услови, а двајца починати во домашни услови.

Починале 13 лица од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 лица од Гостивар (83г, 74г, 68г), 2 лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г).

Во последните 24 часа потврдени се 199 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 157 случаи во Скопје, Куманово и Кавадарци – по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4, Велес- 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2 и 1 во Богданци.

Регистрирани сe 556 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 164, Тетово – 115, Струмица – 50, Куманово – 40, Гостивар – 35, Штип – 26, Кавадарци – 20, Кичево – 15, Битола – 14, Велес – 11, Дебар – 10, Ресен и Пробиштип – по 9, Валандово – 8, Прилеп – 7, Кочани -6, Кратово – 5, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе – 2 и по 1 од Виница и Богданци.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјаца се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.558 тестови.