30 нови случаи со коронавирус, 26 оздравени и 3 починати лица последниве 24 часа

Министерот за здравство, Венко Филипчеинформираше дека последниве 24 часа се потврдени нови 30 случаи на заболени од Ковид-19. Најголем број од нив во Скопје (11 лица), по што следуваат Тетово (6), Велес (5), Прилеп (3), Куманово (2) и по едно лице во Битола, Охрид и Штип.

Претходново деноноќие биле извршени 426 тестирања, а биле регистрирани и 26 оздравени пациенти – 14 во Куманово, (4) во Прилеп, (4) во Велес, (3) во Тетово и еден во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.