3 до 10 години затвор за напаѓачот на Шеќеринска, побара обвинителството

Основното јавно обвинителство соопшти дека поднеле обвинение за „грубо насилство“ против лицето кое во собраниските инциденти од 27 април ја влечеше за коса пратеничката Радмила Шеќеринска.

Како што информираат од обвинителството, за кривичното дело предвидена е казна затвор од 3 до 10 години.

„По завршената истражна постапка, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен и Обвинителен акт против осомничениот. Имено, лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда“, стои во соопштението од ОЈО – Скопје.