24-годишно момче убиено на журка во Италија, организаторите го прекинаа фестивалот

24-годишниот Antonio Franzese, еден од организаторите на традиционалниот фестивал „Monegros“, кој се одржува во близина на италијанскиот град Казерта, пред две вечери бил избоден со нож во тепачка за време на журка, по што починал во болница во градот, јавуваат италијанските медиуми.

24-годишниот Franzese бил избоден со нож во градите

24-годишниот Franzese бил избоден со нож во градите

Полицијата, повикувајќи се на сведоци на настанот, уапсила двајца осомничени од Неапол, кои имаат по 23 години и тие се наоѓаат во притвор. Според сведоштвата, еден од осомничените извадил нож и го избодел Franzese во градите, нанесувајќи му ја фаталната повреда. Откако тој бил пренесен во болница, фестивалот продолжил, но по неколку часа бил прекинат, на барање на пријателите на Franzese. Во тепачката имало уште три повредени лица, меѓу кои и братот на загинатото момче, а едно лице е задржано во болница со сериозни повреди.

Организаторите објавуваат дека фестивалот се прекинува поради немилиот настан:

На журката имало повеќе од 2.000 луѓе, настапиле Ben Klock, Pan-Pot, Chris Liebing, Maceo Plex, Green Velvet и Seth Troxler, меѓу другите. Мотивите за тепачката се нејасни, но според првичните сознанија, поводот бил комплимент упатен кон девојката на еден од учесниците во инцидентот. Овој настан ја шокираше Италија, а посебно рејв-заедницата, во која не се вообичаени вакви сериозни инциденти.