24-годишен геј рапер убиен во Порторико

Дваесет и четиригодишниот рапер Кевин Фрет е убиен во Порторико. Музичарот, кој прв отворено зборувал за својата хомосексуалност денеска е пронајден мртов во Сан Хуан откако во него било пукано осум пати.

Според полицијата, се уште нема директен мотив и се трага по другата личност која била со Фрет.

Фрет беше трап музичар во пораст и неговото видео за песната „Soy Asi“ има повеќе од половина милион прегледи на Јутјуб.

„Јас сум личност која не се грижи што велат другите“, изјави Фрет во последното интервју.

„Гледам млади геј лица или лезбијки кои ме гледаат како пример, како ‘тој го направи тоа и не се грижи што велат другите, можам и јас“, изјави во претходно интервју музичарот.

По откривањето на неговата сексуална ориентација бил нападнат, но на хомофобичните закани возврат со својата музика.

Неговото убиство го зголеми бројот на убиени во Порторико годинава на 22 лица.