CreArt 2020 – изложба на Ана Ивановска и Ирене Тамањоне

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 1, од 12 – 18 ноем 2020 година ќе биде отворена изложба CreArt 2020 – инсталации од ликовните уметници Ана Ивановска и слики Ирене Тамањоне.

Куратор на проектот е Кирил Пенушлиски.

Изложбата ќе биде отворена денес (12 ноември) од 19 часот, како завршен дел од CreArt уметничкиот престој (15 октомври – 15 ноември) КИЦ, во организација на Град Скопје.