И покрај тоа што многу земји ги релаксираат правилата за справување со коронавирусот и деловните активности повторно се отвораат, пандемијата Ковид-19 е далеку од помината. Ова значи дека носењето маска останува исто толку важно, иако некаде само се препорачуваат, а на друго место се задолжителни.
Истражувачот Рич Дејвис им покажа на сите колку е важно да се носи маска преку едноставен експеримент, со употреба на агар култури. Научникот покажа дека маските во голема мерка го намалуваат ширењето на респираторните капки и бактерии. Погледнете колкава е разликата со и беа носење маска. Погледнете каква е разликата во носењето маска.
Истражувачот, експериментот го прави со и без маска, при што кива, зборува, пее и кашла.
Резултатот е следен:
Исто така, во следен експеримент, го испитува и влијанието на растојанието, повторно и со и без маска.
Резултатот е ваков:
Неговиот заклучок е – Носете маски за да спречите можна зараза.
Извор: BorredPanda