22 уметници направија мурал од убиената ирска новинарка Лира Мек Ки

22 уметници изработија мурал со кој оддаваат почит на новинарката Лира Мек Ки, која минатиот месец беше убиена при уличните немири во градот Дери во Северна Ирска.

Муралот беше објавен во родниот град на новинарката, Белфаст, и е дел од градскиот фестивал за улична уметност.

Покрај нејзината слика, на муралот се испишани и зборовите кои Мек Ки ги напишала за себе на 14-годишна возраст: „Нема секогаш да биде вака. Ќе биде подобро“, зборови кои говорат за нејзините тешкотии додека растела како геј тинејџерка во Северна Ирска.

Адам Туркингтон, кој го организира фестивалот, ја потенцира улогата која уметноста ја имала по вооружените немири.

„Она што сметам дека е навистина интересно е како по смртта на Лира тоа беше отсликано преку уметноста на ѕидовите – дали преку крвавите траги од дланки, или пак луѓе кои ги прекриваат со слики муралите на ИРА во Дери. Тоа е активизам. Уличната уметност има корени во активизмот и анти-естаблишментот, но и во наоѓањето начини да комуницираме помеѓу себе за работи за кои ни е тешко да зборуваме“, изјавил Туркингтон.