22 нови случаи со коронавирус, 16 оздравени и едно починато лице последниве 24 часа

Министерот за здравство, Венко Филипчеинформираше дека последниве 24 часа се потврдени нови 22 случаи на заболени од Ковид-19. Најголем број од нив во Скопје (9 лица), по што следуваат Тетово (6), Прилеп (4), Куманово (1), Велес (1) и Охрид (1) .

Претходново деноноќие биле извршени 462 тестирања, а биле регистрирани и 16 оздравени пациенти – 8 во Скопје, по два во Прилеп, Струга и Велес и по еден во Гостивар и Кратово.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид -19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.