21 починато лице и 284 новозаразени од КОВИД-19 во последното деноноќие

Денес се регистрирани 284 нови случаи на КОВИД-19, а починато е 21 лице.
Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на КОВИД-19 и тоа
152 во Скопје, 29 во Кавадарци, 21 во Прилеп, 17 во Кочани, 10 во Штип, 7 во Неготино, по 6 во Куманово и Охрид, по 5 во Тетово и Гевгелија, 4 во Демир Капија, 3 во Гостивар и Струмица,  по 2 во Велес, Берово, Струга и Свети Николе, а по еден нов случај е регистриран во Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово.
Пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 – 93 години и тоа 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид, по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 449 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по 1.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457“, известуваат од Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 567.441 тестирања на Ковид-19.