2016-та сумирана во еден постер – личности кои починаа изминатава година

Твитерџијата „Chris the Barker“ најде начин како да се „збогува“, но и соодветно да ја одбележи 2016 година. Направи постер со повеќе личности кои починаа во годината што изминува, а на долниот дел стои натписот „Brexit“.

Постерот е инспириран од коверот на албумот на „Битлси“ –  „Sgt’ Peppers Lonely Hearts Club Band“.

На постерот можат да се забележат Дејвид Боуви, Леонард Коен, Принс, Џин Вајлдер, Ален Рикмен, Јохан Кројф,  Мухамед Али… Може да се види и капче со натпис „Make America great again“, чоколадо „Тоблероне“, но и амблем на фудбалскиот клуб „Лестер“.