20 „највелосипедски“ градови во светот

Секоја година, компанијата за дизајн Copenhagenize го изработува својот индекс на градови во кои културата на возење велосипед е на највисоко ниво, според посебни критериуми и методологија. Во годинешното рангирање, земени се предвид 122 градови, во најголем дел со повеќе од 600.000 жители. На листата, најприсутни се градови од Европа, но на неа има и градови од сите други континенти, освен од Африка.

1. Копенхаген

Откако две години по ред беше на второто место, Копенхаген годинава повторно е „највелосипедскиот“ град на светот. Градот постојано вложува во велосипедската инфраструктура, која веќе е најдобра во светот. Во Копенхаген, возењето точак е најнормална работа за сите луѓе – без оглед на пол, возраст и социјален статус. Дури 45% од жителите на данскиот главен град го одбираат велосипедот пред сите други форми на транспорт.

20 „највелосипедски“ градови во светот

2. Амстердам

Холандскиот „град на велосипедите“ годинава е на второто место на оваа листа. Објаснувањето за ова е дека Амстердам „останува во статус кво, наместо да покаже тенденција кон развој, модерно размислување и напредок кон следното ниво“.

20 „највелосипедски“ градови во светот

3. Утрехт

Холандскиот град останува светски лидер во категоријата „помали урбани средини“. Развојниот план „Утрехт – атрактивен и достапен“, според истражувачите, е чекор во вистинската насока.

20 „највелосипедски“ градови во светот

4. Стразбур

Напредокот на Стразбур се должи на генерација на урбани планери кои инсистираат на велосипедите како превозно средство. Возењето точак во овој град е пријатно искуство, како и најбрз начин да се стигне од точка А до точка Б.

20 „највелосипедски“ градови во светот

5. Ајндховен

Третиот холандски претставник меѓу првите пет градови на оваа листа цврсто се држи меѓу најдобрите. Тоа е местото на кое е спроведена една од најспектакуларните сообраќајни идеи – велосипедската обиколница, најголема во светот.

20 „највелосипедски“ градови во светот

6. Малме

Шведскиот град, со најголемиот велосипедски паркинг, изграден на железничката станица, го заслужи високото шесто место на годинешната листа.

20 „највелосипедски“ градови во светот

7. Нант

Францускиот град инвестира во инфраструктура, но и во концептот на „смирување на сообраќајот“, што го прави возењето велосипед атрактивна опција. Главниот булевар во Нант е речиси целосно без автомобили, а во неговата средина има велосипедска патека.

20 „највелосипедски“ градови во светот

8. Бордо 

Французите сериозно го сфаќаат возењето велосипед. Градот инвестира во трамвајски превоз, што го поттикнува велосипедистите, затоа што го смирува сообраќајот и го намалува бројот на автомобили.

20 „највелосипедски“ градови во светот

9. Антверпен

Очигледно е дека постои влијание од соседната Холандија во овој белгиски град, во кој велосипедите се вообичаен избор за транспорт на сите возрасти.

20 „највелосипедски“ градови во светот

10. Севиља

Некогаш еден од најистакнатите „велосипедски“ градови во светот, Севиља во последните години „тапка во место“, но и тоа е доволно за место меѓу првите десет.

20 „највелосипедски“ градови во светот

11. Барселона

Шпанија има уште еден претставник високо на оваа листа – Барселона има стриктно ограничена брзина од 30 километри на час во целиот центар на градот, а велосипедската инфраструктура, иако далеку од совршена, сепак е значајна и во постојан развој.

20 „највелосипедски“ градови во светот

12. Берлин

Возењето точак во Берлин е во постојан пораст, а луѓе од сите возрасти и социјални статуси го користат овој вид на транспорт – во некои делови од градот, над 20% од луѓето бираат велосипед пред сите други видови транспорт.

20 „највелосипедски“ градови во светот

13. Љубљана

Највисокот рангираниот град од „нашите простори“ повеќе од 40 години има велосипедски патеки, кои се простираат низ 35 километри од словенечката престолнина. Љубљана е избрана за „Европски зелен град“ на 2016 година, со што се очекува велосипедите повторно да бидат во фокус на инвестициите на градските власти.

20 „највелосипедски“ градови во светот

14. Буенос Аирес

За неверојатно кусо време, аргентинската престолнина се модернизираше и успеа да ги вклучи велосипедите во сообраќајот. За последните три години, изградени се преку 130 километри велосипедски патеки, а отворена е и програма за изнајмување велосипеди.

20 „највелосипедски“ градови во светот

15. Даблин

Главниот град на Ирска во последните години се наметнува како една од европските престолнини на велосипедизмот, како резултат на одлична комбинација на политичари кои „го разбираат концептот“, инвестиции во инфраструктурата и систем на споделување на велосипеди.

20 „највелосипедски“ градови во светот

16. Виена

Виена во минатото била во најдобрите 20 градови на оваа листа, но испаднала во 2013. Сега, австрискиот главен град се враќа, откако е забележано подобрување и пораснал бројот на велосипедски патеки надвор од центарот на градот.

20 „највелосипедски“ градови во светот

17. Париз

Француската престолнина доживува своевидна велосипедска ренесанса во изминатите години, со комбинација на мерки кои ја прават се подобро место за возење велосипед.

20 „највелосипедски“ градови во светот

18. Минеаполис

Во американскиот град има преку 250 километри велосипедски патеки и локална управа која има желба да го направи градот поздраво место за живеење.

20 „највелосипедски“ градови во светот

19. Хамбург

Иако не може да се забележи посериозна модернизација на велосипедската инфраструктура, Хамбург и натаму е високо на оваа листа. Ретко кој град во Европа има поголем процент на луѓе кои бираат велосипед како основно транспортно средство.

20 „највелосипедски“ градови во светот

20. Монтреал

И покрај падот од неколку места на оваа листа, канадскиот град и натаму е одличен избор за секој негов жител кој сака да вози велосипед.

20 „највелосипедски“ градови во светот

Извор