2.009 оздравени лица, 190 нови случаи и шест починати изминатово деноноќие

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 190 нови случаи на Ковид-19 во земјава од вкупно направени 1.530 тестирања.

Според градови, новозаболените се регистрирани во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6, Прилеп-12, Гостивар-3, Штип-6, Битола-1, Велес-6, Охрид-5, Струмица-6, Кавадарци-8, Струга-11, Кочани-1, Кичево-8, Гевгелија-4, Неготино-8, Дебар-3, Ресен-7, Делчево-2,  Радовиш-1, Пробиштип-2.

Изминатово деноноќие починале 6 лица од вирусот – четири пациенти од Скопје (60,74,44 и 86г), еден од Куманово (72г) и еден пациент од Гостивар (64г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 2.009 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 88.938, бројката на оздравени пациенти е 73.601, на починати е 2.702, а бројот на активни случаи изнесува 12.635.

Направените 1.530 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-35,  Авицена-255, Биотек-256, МАНУ -66,  Жан Митрев (Филип Втори)-55, Систина со PCR метода -225, лабораторија Лаор –125, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-62, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-15, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -40, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 431.712 тестирања на Ковид -19.