„1Password“ понуди месечна претплата за сите што сакаат заштита на лозинките

Популарната алатка за лозинки „1Password“ понуди претплата за физички лица, која се вклопува во нивните постоечки планови за групните претплати. Така, месечната сметка за заштита на лозинката ќе чини 2,99 долари месечно, заедно со новите алатки.

Системот сега се подобрува со тоа што нуди како вградена автоматска синхронизација на лозинката за сите уреди, заштита на загуба на податоците, веб пристап преку „1Password.com“. Компанијата најави дека ќе прави и зачувување на сета историја за враќање на избришани или сменети документи, безбедно место за зачувување и сосема нов безбедносен состем.

Ваквите најави одат во прилог на постојните карактеристики кои веќе го поставија „1Password“ како еден од најдобрите системи за безбедност. Ваквите сервиси стануваа популарни поради се поголемата потреба за користење лозинки и пренасочување на сите сервиси на интернет.