199 нови случаи на Ковид-19, 8 починати и 120 оздравени лица

Министерството за здравство информира дека изминатово деноноќие регистрирани се 199 нови случаи на Ковид-19, од 1.545 направени тестирања.

Распоредот по градови на новите случаи е следниов: Скопје-90, Свети Николе-24, Куманово-17, Тетово-12, Струга-12, Штип-9, Дебар-6, Гостивар-5, Охрид-4, Прилеп-3, Кичево-3, Пробиштип-3, Битола-2, Ресен-2, Кавадарци-2, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Демир Хисар-1.

Изминативе 24 часа од вирусот починале 8 лица. Еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во КБ Тетотво починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години.  Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години“, соопштија од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 7.975,  бројката на оздравени пациенти е 4.080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.519. Од вчерашните тестирања еден е контролен тест, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3.803, активни 1.864

• Куманово 848, активни 181

• Дебар 143, активни 81

• Штип 430, активни 165

• Прилеп 294, активни 61

• Тетово 856, активни 323

• Струга 312, активни 156

• Велес 201, активни 38

• Битола 70, активни 29

• Охрид 223, активни 131

• Кавадарци 25, активни 17

• Гостивар 216, активни 131

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 22, активни 13

• Крива Паланка 19, активни 9

• Радовиш 5, активни 1

• Крушево 10, активни 5

• Кочани 76, активни 16

• Пробиштип 35, активни 23

• Демир Хисар 6, активни 5

• Македонски Брод 8, активни 5

• Пехчево 6, активни 2

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 5, активни 2

• Свети Николе 112, активни 105

• Кичево 68, активни 59

• Ресен 134, активни 89

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.545 теста се преку: ИЈЗ-641, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-208, Биотек-102, МАНУ -134, Жан Митрев (Филип Втори) -228, Систина со PCR метода -181, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Министерството за здравство информира и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.