„1917“ ги собра БАФТА наградите

Воената драма „1917“ доминираше на наградите кои ги доделува Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), освојувајќи вкупно 7 признанија.

Филмот, кој раскажува приказна за двајца војници на специјална мисија во текот на Првата светска војна, ги освои речиси сите главни наград: најдобар филм, најдобар британски филм, најдобар режисер и најдобра кинематографија, а триумфираше и во категориите за најдобар продукциски дизајн, специјални ефекти и најдобар звук.

„Не можам да бидат посреќен. Има некое задоволство кога ќе видиш дека приказна која ми е толку лична за мене и моето семејство се развива и привлекува толку голема публика. Никој од нас не знаеше дали публиката ќе го прифати, не бевме воопшто сигурни“, изјавил режисерот Сем Мендез за Би Би Си.

Џокер“ освои три награди, меѓу кои и наградата за најдобар актер, која отиде во рацете на Хоакин Феникс, додека за најдобра актерка беше прогласена Рене Зелвегер.

Феникс во својот говор се осврна на проблемите за „системскиот расизам“ и „опресијата“ во филмската индустрија.

Во категориите за најдобри споредни актери триумфираа Лора Дерн и Бред Пит. Ова претставува прв пат по 1977 година кога сите БАФТА награди за актери ги добиваат Американци.

Јужнокорејскиот „Паразит“ победи во категориите за најдобро оригинално сценарио и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. „За Сама“ е прогласен за најдобар документарен филм, додека „Клаус“ ја доби наградата за најдобар анимиран филм.

Целата листа на победниците можете да ја видите на следниот ЛИНК.