175 новозаразени, пет починати и 18 оздравени пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 175 нови случаи на Ковид-19, односно, регистриран е 131 случај во Скопје, 24 во Куманово, пет во Тетово, четири во Велес, по два случаи во Штип, Прилеп, Струга, Гостивар и Свети Николе и еден случај во Охрид.

Во Скопје каде е регистриран досега најголемиот број на новозаразени, по општини, регистрирани се 209 случаи во Чаир, 76 во Бутел, по 75 во Аеродром и Гази Баба, 73 во Центар, 72 во Карпош, 64 во Сарај, 43 во Кисела Вода, 35 во Ѓорче Петров, 26 во Шуто Оризари, по 24 во Студеничани и Арачиново, 19 во Илинден, шест во Петровец, четири во Чучер Сандево, два во Сопиште и двајца странци.

Од МЗ соопштуваат дека починале и пет лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден пациент од Прилеп.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај“, информираат од МЗ.

Институтот за јавно здравје регистрирал 18 оздравени пациенти, односно, 12 во Скопје, три во Тетово, два во Велес и еден во Штип.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен“, додаваат од МЗ.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 29 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата „8-ми Септември“, пак, примени се 22 нови, а вкупно се хоспитализирани 57 пациенти. Од нив, на респираторна машина се десет, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, соопштуваат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 40.004 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа направени се 971 тестирања.