17 пациенти примени на Токсикологија за новогодишната ноќ

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија-Скопје се примени 17 пациенти, од кои 11 поради алкохолозираност. По амбулантскиот третман ја напушиле клиниката, информираше министерот за здравство Венко Филипче

До Службата за Итна медицинска помош синоќа пристигнале педесетина повици. Во најголем број се работело за случаи на алкохолизирани граѓани, а помал број повредени во физичка пресметка, но и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа.

На Клиниката за инфективни болести, пак, има околу 60 пациенти хоспитализирани со ковид, од кои 40-тина се на кислородна поддршка.

Првото бебе родено годинава е машко, четврто на семејството Стошиќ.

„Посакувам да расте во здрава средина. Родено е во првата минута, а потоа во втората минута по полноќ се роди уште едно женско бебе. Првото е спонатно, а второ е родено две минути со царски рез, е женско, и е прво бебе на мајката Симона Петровска“, соопшти Филипче.

Утрово се родело бебе и во ковид центарот, чија мајка е позитивна на Ковид-19. Но, и мајката и бебето се добри, рече Филипче.