164 новозаразени, двајца починати и 12 оздравени пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 164 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 85 случаи во Скопје, 24 во Куманово, 18 во Тетово, девет во Охрид, пет во Струга и Штип, три во Дебар и Прилеп, по два во Гостивар, Ресен и Свети Николе и по еден случај во Гевгелија, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод, Валандово и Неготино.

Од МЗ информираат дека починале две лица.

„Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни“, стои во соопштението на МЗ.

Институтот за јавно здравје регистрирал 12 оздравени пациенти, односно, шест во Прилеп, три во Скопје и по еден во Струга, Велес и Виница.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3701, бројката на оздравени пациенти е 1694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1836“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата „8-ми Септември“, пак, примени се 16 нови, а вкупно се хоспитализирани 60 пациенти. Од нив, на респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 41.049 тестирања на Ковид-19, а во изминатите 24 часа се направени 1.045 тестирања.