160 нови случаи на Ковид-19, три починати и 368 оздравени лица

Министерството за здравство информира дека претходново деноноќие регистрирани се нови 160 случаи на лица со Ковид-19 од вкупно направени 2.172 тестирања.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје-38, Куманово-19, Тетово-20, Гостивар-13, Штип-10, Струга-9, Кичево-8, Свети Николе-5, Прилеп-4, Охрид-4, Кавадарци-4,  Кочани-4, Велес-3, Демир Хисар-3, Струмица-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Битола-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Неготино-1, Дебар-1.

Изминативе 24 часа од вирусот починати се три пациенти. Два пациенти од Скопје (на 60 и 72 години) и пациентка од Гостивар (53 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Од Министерството информираат и дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија а од почетокот на епидемијата изнесува 12.515,  бројката на оздравени пациенти е 9.030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950.

Од Министерството за здравство информираат и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, и 3 суспектни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 72 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.