16 игри изработени за 5 дена на Global Game Jam Македонија

Global Game Jam Македонија, или маратонот во правење игри, годинава траеше цели пет дена, од 26 до 30 јануари. Во рок од 120 часа, 94 учесниците од целата држава, распоредени во 19 тимови изработија дури 16 игри.

Победничките три игри Red Impulse – Limbo Split, Josefk – Dufallity, Winter Melons – Lost & Found добија парични награди, а дополнителни три игри добија парична стипендија додека најактивниот џемер `Iskra` исто така се закити со награда.

Во склоп на манифестацијата, се одржа и предавање на тема „Ригување на карактери во Blender 3D за почетници“ од Димитар Димитров кој е 3Д аниматор во компанијата „Black Sea Games“ од Бугарија.

Настанот онлајн го следеа над 300 луѓе преку Дискорд каналот на Македонската асоцијација за развивање на игри МАГДА кои гласаа за игрите кои најмногу им се допаднаа. Темата оваа година беше дуалност.

„Она што е фасцинантно е што квалитетот на игри кои се продуцираа е подигнат на многу повисоко ниво во однос на претходните години“, велат организаторите.

Македонската асоцијација за развивање на игри МАГДА освен организацијата на Global Game Jam Македонија досега организира низа едукативни настани во областа на развивањето и продуцирањето на видео игри, викенд семинари како и работилници на таа тема.

Цветковски: Дружењето, истражувањето и правењето прототипови игри е бесценето