Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 1.227 тестирања.
Најголемиот дел од новозаболените се од Скопје- 100, по што следуваат Тетово со 19 случаи, Куманово-11, Штип и Велес по 6, Кочани – 3, Струга 2 случаи и по едно новозаболено лице во Дебар, Прилеп, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Кратово и Свети Николе.
Изминатово деноноќие од коронавирусот починале 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката. На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735.
Направените 1.227 теста се преку: ИЈЗ –484, ЦЈЗ Скопје-39, Авицена –105, Биотек –152, Систина со PCR метода –104, МАНУ -151, Жан Митрев (Филип Втори) -180 и Судска медицина-12. Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19.
Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.
Од Министерството за здравство известуваат и дека:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 126 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.