15 проценти од Американците воопшто не користат интернет

15 проценти од возрасните Американци (околу 11 милиони луѓе) воопшто не користат интернет и не испраќаат електронска пошта, покажува новото истражување на тинк-тенк организацијата Pew research center.

15 проценти од Американците воопшто не користат интернет

Главната причина поради која луѓето изјавиле дека не користат интернет е тоа што “тој не е релевантен“. 13 проценти од овие испитаници немаат компјутер. Една третина од овие испитаници одговориле дека „не се заинтересирани“, дека „тоа е губење време“ и дека „немаат ниту време ниту потреба“ од интернет.

Според истражувањето, не е дека овие американски граѓани не знаат што има на интернет. Одреден број од овие луѓе (14 проценти) некогаш користеле интернет, но потоа се откажале. Сепак, огромното мнозинство (92 проценти) изјавиле дека немаат намера никогаш да ја користат светската информациска мрежа.

Од друга страна, претходни истражувања покажаа дека значаен дел од Американците кои го користат интернетот, не можат без оваа технолошка придобивка. Дел од нив изјавиле дека интернетот им е толку важен што поради него би се откажале од секс (21%), брза храна (83%) или чоколада (77%).