15 најменувани содржини на Википедија

Верувале или не Википедија годинава ќе слави 15 години. Најпознатата слободна светска енциклопедија веќе има повеќе од 5 милиони статии и дури 808 милиони менувања на истите.

Во чест на роденденот, фондацијата Викимедија која ја создаде интернет архивата ја објави листата на 15-те најменувани статии на овој сајт.

На прво место на листата се најде 43-от американски претседател, Џорџ Буш. На второто место е листата на американски професионални борачи WWE, третото го зазема САД, а на листата се најдоа и Мајкл Џексон, Адолф Хитлер, Католичката црква па и Бритни Спирс.

15 најменувани содржини на Википедија

Фондацијата исто така ги подели резултатите во годишни категории, кои покажуваат фасцинантни резултати за трендовите и медиумите во изминатите 15 години.

На пример во 2001 година најменувана статија вила онаа за Креационизмот. Следната година пак, најменувана била листата на Канаѓани. Минатата година пак, најменувана статија била Листата на познати личности кои починале.

Извор: Uproxx