15 македонски гејмери на Интернационалниот гејминг фестивал во Нови Сад

 

 

Вкупно 15 македонски гејмери во три различни игри од утре до недела ќе се натпреваруваат на најголемиот гејмерски настан досега одржан на овие простори – Интернационалнииот гејминг фествиал (ИГФ) во Нови Сад ().

Ова ќе биде прв ваков собир на најдобрите играчи од Балканот и пошироко, а нашите гејмери се под капата на тимот Мисчивиус и ќе се натпреваруваат во Дота 2, Каунтер Страјк: Глобал Офенсив (ЦС:ГО) и Хартстоун. Прв на програмата е тимот во Дота 2, кој веќе утре од 9 часот наутро ќе влезе во „Battle Arena“. Следни се играчите на Хартстоун, кои в сабота, исто така од 9 часот ќе го имаат својот настап, а програмата ќе ја затворат играчите на ЦС:ГО, кои во истата сатница ќе настапат во недела.

Настапите на сите наши играчи ќе можете да ги следите во живо на: www.twitch.tv/igf_tv, а дополнителни вести, фотографии и информации од настанот може да добиете ако кликнете „лајк“ на нивната страница на Фејсбук.

Ова патување немаше да биде возможно без поддршката на тим-менаџерот Алан Кастиљо, првиот човек на студиото за анимации Линкс, кој безрезервно застана зад некои од нашите најдобри гејмери и ги помогна како финансиски, така и логистички, велат од тимот.