Тинејџерите кои ја предводат битката против климатските промени

Грета Тунберг им одржа лекција на светските лидери на Самитот на Обединетите нации за климатски промени, кој започна во понеделникот.

„Во изминатите 25 години, безброј луѓе доаѓаат на климатските конференции на ОН, молејќи ги нашите лидери да ги сопрат емисиите, и очигледно дека тоа не функционира бидејќи емисиите продолжуваат да растат. Затоа нема да ги молам светските лидери да се грижат за нашата иднина “, рече 15-годишната Грета, која е од Шведска.

„Наместо тоа, ќе им дадам до знаење дека промените доаѓаат без разлика дали им се допаѓа тоа или не.”

Грета ја започна својата битка против климатските промени со училишен штрајк во август. Оттогаш, повеќе од 20.000 студенти од целиот свет се приклучија кон нејзината борба, која се прошири во најмалку 270 градови во земјите како Австралија, Обединетото Кралство, Белгија, Јапонија и САД.

Самитот на ОН привлече речиси 200 земји и се одржува во Полска. Целта е да се направи Парискиот договор – план за соочување со глобалното затоплување и постигнување климатска неутралност – реалност. Грета ја искористи шансата да зборува лице в лице со светските лидери.

„Бидејќи нашите лидери се однесуваат како деца, ќе мораме да ја преземеме одговорноста што требаше да ја преземат одамна”, им рече таа на лидерите на самитот.

Додека присуствуваше на самитот, 15-годишнa активистка се сретна со генералниот секретар на ОН Антонио Гутиереш.

„Нашите помлади генерации ќе мора да помогнат и да ја завршат работата што ја започнуваме денес”, рече тој. „Ние треба да ја искористиме нивната енергија, изум и политичка моќ за да ги зголемиме климатските амбиции”.

И други млади лидери од целиот свет го следеа примерот на Грета, вклучувајќи го и Тоби Торп, од Хобарт, Тасманија, во Австралија и учествуваше во еден од штрајковите. Тој, исто така, присуствуваше на самитот на ОН.

„Ние сме во ова заедно”, рече Тоби. „Заедно сме силни и нема да се откажеме”.

Но, Грета и Тоби не се единствените млади лидери кога станува збор за глобалното затоплување.

Во Флорида, Делани Рејнолдс го предводи тимот од осум млади луѓе кои го тужат гувернерот и избран за сенатор Рик Скот за неговите политики за животна средина.

„Нашата глобална криза за климатските промени е најголемото прашање со кое ќе се соочи мојата генерација и од неа ќе зависи  решавањето на овој проблем, пред да биде предоцна”, вели 18-годишната Делани.

„Нашите политичари нè изневерија, не направија ништо и гледаа како заедниците низ целата држава, вклучувајќи го и местото каде што живеам, почнуваат да се осврнуваат на она што се случува без нивна помош“.

Грета вели дека фактот што сè повеќе млади луѓе предводат значајни борби покажува дека возраста не треба да ги задржи во правење промени.

„Тоа докажува дека никогаш не сте премногу мали за да направите разлика”, рече таа.

Од започнувањето на штрајкот, Грета го помина секој петок протестирајќи – што и не е најдрагото чувство за нејзиниот татко, Сванте Тунберг. Всушност, грижата за климатските промени и емисиите е на некој начин во крвта на Грета. Нејзиното семејство се роднини на Сванте Арениус, по кој е именуван нејзиниот татко. Арениус бил шведски научник, хемичар и добитник на Нобеловата награда во 1896 година, кој објави студија за емисиите на јаглерод диоксид.

„Како родител, не можете да го поддржувате вашето дете да штрајкува од училиште”, рече Тунберг. „И реков, мора да излезеш и да го направиш тоа за себе“, изјави тој.

„Го сакам училиштето и учењето”, вели Грета, која планира да го прекине штрајкот кога Шведска ќе почне да ги намалува емисиите на јаглерод за 15 отсто годишно.

„Но, зошто треба да учиме за иднината што наскоро можеби нема да ја има повеќе? Ова е поважно од училиштето “.