15.000 граѓани го посетиле Саемот на книгата

Заврши годинешното издание на Саемот на книгата, кој по вторпат се одржуваше на отворен простор во комплексот на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски, од 8 до 14 септември.

На саемот се претставија над 60 изложувачи, се организираа бројни промоции на нови изданија и автори. За време на саемот на книга, се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

Доделени наградите од Македонската асоцијација на издавачи

„Издавачките куќи присутни на овогодинешниот саем на книга изразија задоволство од концепциската поставеност, континуитетот на саемот и безбедните услови за негово непречено одржување. Интересот за читање на сите видови литература е во постојан подем во последните неколку години што ja покажува и бројката на посетители која и во овие пандемиски услови достигна 15.000“. Дополнителен мотив за организирање на ваков настан е податокот дека домашните автори доаѓаат до израз, и радува фактот што младата популација и оваа година зазема значителен дел од вкупната бројка на посетители на саемот“, велат организаторите.

 Саемот беше поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.