14-то издание на СкупиФестивал од 17 до 22 септември во Куршумли Ан

Седум странски претстави ќе бидат дел од 14-тото издание на МТФ СкупиФестивал, кој оваа година ќе се одржи од 17 до 22 септември во Куршумли Ан во Скопска Чаршија.

Сите претстави ќе почнуваат од 20 часот, Фестивалот ќе се одржува според протоколот за заштита од Ковид-19, а бројот на публиката ќе биде ограничен на 100 гости и задолжително носење маски.

„Структурата на програмата на Фестивалот се состои од официјална и придружна програма. Во официјалната програма, професионални театри, независни театри, алтернативни театри, имаат можност  рамноправно да се натпреваруваат,  како што е  Театар Миѓени од Скадар, Албанија со преставата „Црна кутија”, Српски народен Театар со „Граматичко нарушување” , од Сараево, Босна и Херцеговина ни доаѓа „Целата моја љубов” на Сараевски Воен Театар, од Косовски Национален Театар „Будење на пролетта”, Спам Студио од Софија, Бугарија со преставата „Кокошка”,  Театар Мергимтари од Загреб, Хрватска со преставата  „Златна лопата”  и на крај преставата „Дел од колекција”  од Театар Вагабонди од Софија, Бугарија“, најавуваат од СкупиФестивал.

Како што беше и досега фестивалот има напреварувачки карактер, за ова едиција ке бидат задолжени актерката Амернис Нокшиќи Јовановска, Наташа Поплавска и Евис Халили.

 

 

Преку својата програма фестивалот нуди поглед кон современи светски културни текови преку прикажување на иновативни и прогресивни претстави, како во театарскиот израз така и во способноста да поттикнат критичко размислување кон општествените и социјалните предизвици. Повеќе информации на следниов ЛИНК.