14 отруени слонови во паркот каде што беше убиен лавот Сесил

Вработените во националниот парк Хванџ во Зимбабве потврдија дека 14 слонови се отруени со цијанид. Тоа е истиот парк каде што американскиот заболекар го уби лавот Сесил во јули, што предизвика револт кај јавноста. Три други слонови биле пронајдени отруени во паркот Матусадона, западно од Зимбабве.

Властите соопштија дека се приведени петмина осомничени. Извори од канцеларијата на националниот парк пак, велат дека слоновите во Матусадона биле отруени намерно, најверојатно со лушпи од портокали со цијанид на нив. Оние во паркот Хванџ, биле отруени со месо со истиот отров, а на истото место биле пронајдени и мртви мршојадци.

На четири слонови пак, им биле остранети двете коски кај сурлата, додека на два други им виселе, бидејќи според ренџерите, ловокрадците биле спречени пред да им ги отстранат коските. Некои од слоновите биле премлади за да имаат коски, најмалиот имал три месеци.

„Тоа е ужасен начин да се умре“, изјави Carel Verhoef, долгогодишен африкански водич.

Цијанидот влијае на дишењето и функционалноста, за на крај слоновите да починат од загушување.

„Ако во месото имало отров, тогаш и други животни би умреле, така што ќе влијае на целиот екосистем“, вели Verhoef.

Меѓутоа, ова не е првпат мршојадците да користат цијанид. Во 2013 година, околу 300 слонови биле отруени во паркот Хаванџ одеднаш, а со тоа се задоволила глобалната побарувачка на илегална трговија со слонова коска.

Во Зимбабве е прилично лесно да се дојде до цијанид, бидејќи во државата има голем број на рудници, а според кажувања, ловокрадците го користат бидејќи тивко убива, за разлика од пушките.

Во Африка има преостанато 400 000 слонови. Според најновите статистики, на секои 15 минути умира по еден слон.