14-годишниот Џордан Кејси го најави својот трет стартап

Четиринаесетгодишниот Џордан Кејси на годинешниот Web Summit го претстави својата трета стартап-компанија Eventzy, пренесува Irish Times. Станува збор за веб и Фејсбук апликација која ќе им помогне корисниците полесно да ги менаџираат и организација на настани.

„Луѓето можат да креираат настан на сајтот или да додадат настан од Facebook апликација. Ќе им овозможи на корисниците да креираат сопствен систем за билети и да го менаџираат распоредот на настанот. Ќе има бесплатна верзија за помалите настани и апликација која ќе се плаќа за поголемите, коорпоративни настани. Нема да се натпреваруваме со Everbrite бидејќи тие се единствено за билетите. Нашиот софтвер пак ќе им овозможи на корисниците да менаџираат со настаните и да ги промовираат на друштвени мрежи“, се вели во описот на апликацијата.

Првиот стартап кој го разви младиот претприемач е Casey Games, додека вториот стартап на Џордан, Teachware, кој исто така беше претставен на Web Summit лани, го користат над 300 наставници, а 150 од нив секојдневно. Младиот претприемач неодамна на покана на Google и Apple ги посети седиштата на овие компании.

Извор: It.com.mk