139 нови случаи на Kовид 19 во последните 24 часа – оздравеле дури 534 пациенти, а починале шестмина

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се регистрирани 139 нови случаи на Ковид-19 во земјата. Дури 534 пациенти оздравеле, а 6 починале.

Од починатите, пет биле пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и еден од Кочани (76 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички, соопштија од министерството.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје (36), Гостивар (16), Кичево (15), Тетово (14), Куманово (11), Штип (11), Струга (8), Виница (6), Кавадарци (5), Велес (4), Пробиштип (2), Битола (2), Прилеп(1), Струмица (1), Крушево (1), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1) и Ресен (1).

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, информираат од МЗ.

Со ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 10754,  бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714. Од вчерашните 2 теста се контролни и се евидентираат денес.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 1 дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти“, соопштија од МЗ.

Во изминатото деноноќие биле направени 1377 теста, а досега во земјата се направени вкупно 102317 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, велат од МЗ.