137 новозаразени, еден починат и 53 оздравени случаи од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа потврдени се 137 нови случаи на ковид-19, односно регистрирани се 53 нови случаи во Скопје, 19 во Куманово, 10 во Гостивар, 8 во Штип, 7 во Битола, по 6 во Свети Николе и Велес, 5 во Делчево, 4 во Тетово,  по три во Македонски брод и Кичево, по два нови случаи има во Струга, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип и Неготино, а еден нов случај е регистриран и во Струмица.
 Во болнички услови починало 63 годишно лице од Дебар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 58 оздравени пациенти, односно 22 во Скопје,11 во Струга, 9 во Охрид, 5 во Гостивар, по три оздравени има во Демир Хисар и Тетово, 2 во Битола, а по 1 оздравен е регистриран во градовите Штип, Прилеп и Виница.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595,  бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921“, известуваат од Министерството за здравство.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 68 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.
 Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид -19, а во изминатото деноноќие направени се 1414 теста.