136 новозаразени и 8 починати од Ковид-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 136 нови случаи од Ковид-19, а направени 1208 тестирања. Истовремено, регистрирани се и 43 оздравени пациенти.

Изминатото деноноќие од коронавирусот починале 8 лица. Во ГОБ „8 септември“ починале две лица од Скопје, пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починале и две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни. Починале две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и  пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни.

Во ОБ Битола починал пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата е 3095.

Направените 1208  теста се преку: ИЈЗ –506, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –102, Биотек –108, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -205, Судска медицина-6 и Систина  со PCR метода -171. Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле 1 дете и 11 возрасни позитивни на ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.