13-то издание на „Астални проекции“ утре во „Менада“

На 6 октомври (вторник) со почеток во 21:00 часот во Менада во Старата скопска чаршија, ќе се одржи тринаесеттото издание на поетското читање Астални проекции. Учесниците ќе читаат поезија во три круга: во првите два свои песни, а во третиот омилена песна од некој друг автор.

Учествуваат:

Дарко Лешоски
Елизабета Баковска
Марко Салџиевски
Адријана Ананиева
Даница Ивановска Лепојевиќ
Билјана Здравеска
Борис Николај Двојаковски
Габриела Милкова
Ива Јованова

Специјален гостин: Хорхе Хусто Падрон

Книжевниот астал ќе биде збогатен и со подароци – бесплатни книги од издавачката куќа Темплум.