13-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје“ до 30-ти август

Десет ликовни уметници, по пет од државава и од странство, учествуваат на 13-тата Меѓународна ликовна колонија „Скопје“, што се одржува во хотел Арка во Старата скопска чаршија до 30 август.

„Секој од учесниците е оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба“, истакнуваат организаторите на колонијата Музеј на Град Скопје, Град Скопје и Хотел Арка.

На колонијата учествуваат Ахмет Ерман Караѓоз од Северен Кипар, Брита Грасман од Шведска, Сара Дангис од Франција, Денис Јуриј Крашковиќ од Хрватска, Елизабета Маторкиќ од Србија, а од Македонија Крунислав Стојановски, Јана Јакимовска, Елизабета Аврамовска, Зарије Амдиу и Љупчо Бојаров.

Создадените дела ќе бидат презентирани на затворањето на колонијата на 28-ми август во 20 часот во хотел Арка. Ќе бидат изложени на манифестацијата на град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.