13-годишник стана најмладиот научник што постигнал нуклеарна фузија

13-годишник стана најмладиот научник што постигнал нуклеарна фузија

13-годишниот британски ученик Jamie Edwards стана најмладиот научник во историјата што постигнал нуклеарна фузија, и тоа во реактор што самиот го направил како дел од училишен проект.

Откако пред неколку години ги потрошил сите пари што му ги дале за Божиќ на Гајгеров бројач (направа за мерење на нивото на радијација), Jamie во своето училиште сега предложил амбициозен проект за изградба на нуклеарен реактор. Училиштето му одобрило буџет од околу 3.400 долари, по што младиот научник ја почнал изградбата на ткн. Фарнсвортов реактор. Jamie го бележел напредокот на проектот на својот блог.

13-годишник стана најмладиот научник што постигнал нуклеарна фузија

Претходниот рекорд за најмлад фузионер го држел 14-годишниот Американец Taylor Wilson, од кого Jamie  Edwards е помлад само неколку месеци.

Извор: Gizmodo/BBC