„13/13“ – промовиран новиот албум на „Мугер фугер“

Во сорабoтка со повеќе од десетина артисти како Горан Трајковски, Андријана Јаневска, Чиста околина, Мирко Попов, а за прв пат под покровителство на Литиум Рекордс, „Мугер фугер“ го промовираа својот нов албум „13/13“.

„13/13“ - промовиран новиот албум на „Мугер фугер“

Албумот, вели фронтменот на бендот Сеад Хаџиќ – Сецко почнал да се подготвува во јануари, за кон крајот на август да завршат со снимањето и со пост-продукција.

„ Јас музиката ја имам оставено да живее, да тече, не сакам да се заробам во еден концепт, туку баш сакам да бидам слободен. Затоа ми се потребни луѓе со кои ќе можам да комуницирам , да внесат некој нов дух. Секогаш се случуваат непредвидени работи и не значи дека магијата ќе успее секогаш. Предизвикот тогаш е поголем и мислам дека затоа „Мугер фугер“ се вакви какви што се, а секој албум е поинаков“, вели Сецко за Радио МОФ.

„13/13“ - промовиран новиот албум на „Мугер фугер“

Иако за време на промоцијата во МКЦ, Мугер Фугер само пуштааа музика, наместо свирка во живо, тоа не ги спречи присутните да танцуваат и да ги добро да ги преслушаат песните. Настанот направи повторно да се почувства урбаниот дух на Скопје, кој како што посочија од бендот, се изгуби во безредието настанато поради Пиволенд и сличните настани. Токму во овој албум како критика се појавуваат песните насловени Биволенд и Бивофест, напишани од Горан Трајковски. Тематиката во останатите песни се води од  мислата дека „Музиката е слобода’’, вели Сецко и додава дека иако слободата е загрозена, постојат помалку или повеќе скриени форми на револт.

Хаџиќ се заблагодари на своите соработници, а како што открива за Радио МОФ, кон крајот на октомври се планира и концерт на „Last Expedition“ во Колосеум.

Сара Миленковска