12 студенти ќе говорат на теми по свој избор на 20. Ораторска вечер на Правниот факултет

Правниот факултет „Јустинијан Први“ и годинава ја организира Ораторската вечер ,,Иво Пухан“, на која учествуваат студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Традиционалниот натпревар во говорништво оваа година ќе одбележи дваесeт години јубилеј. Ораторската вечер ќе се одржи утре (15 декември) со почеток во 19 часот.

Студентите ќе говорат на тема по сопствен избор, за тоа како тие го гледаат општеството во кое живеат.

Годинава ќе настапат 12 студенти, кои се најдобрите од вкупно 40 што се подготуваа за овој настан.

Главен покровител на настанот е Еуролинк осигурување АД Скопје.

Ораторските вечери на Правниот факултет секоја година се одржуваат по повод 10 декември – Светскиот ден на човековите права и го носат името на професорот по римско право, д-р Иво Пухан, втемелувачот на Катедрата за правно-историски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.