12 починати и 449 новозаразени од Ковид-19 изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека последниве 24 часа регистрирани се 449 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.859 тестирања.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 195, Битола – 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Изминатото деноноќие регистрирани се и 12 починати лица од вирусот. 4 починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Во однос на 33 годишното починато лице, од Министерството за здравство информираат дека било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, е пријавено 1 починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.

Изминатово деноноќие оздравени од коронавирусот се 317 пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 211.831. Бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472. Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирања на Ковид-19.