12 починати и 327 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 327 нови случаи на Ковид-19, при направени 2.740 тестирања.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 159, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Битола – 17, Гевгелија – 13, Охрид – 12, Куманово – 9, Свети Николе – 8, Штип – 7, Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Струмица, Кочани, Неготино и Крушево – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Оздравени се 325 пациенти, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две починати лица од Прилеп (40г и 82г) и по едно починато лице од Битола (67г), Кавадарци  (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови, информираат од министерството.

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе  (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 88г. Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови“, стои во соопштението на министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.

Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на Ковид-19.