Во последните 24 часа регистрирани се нови 12 случаи на Ковид-19 коронавирусот во земјата, информираат од Министерството за здравство. Седум се од Скопје, а 5 од Куманово.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со новиот коронавирус изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, најмногу регистрирани на Ковид-19 има во Скопје, односно 88 заразени лица, по што доаѓа Дебар со 40, од кои 1 починат, а на трето место е Куманово со 8, каде исто има 1 починат.
Регистрирани случаи има и во Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).