12 мртви по вооружен напад во бар во Калифорнија

Најмалку 12 лица се убиени, меѓу нив и полицаец, при вооружен напад на бар во градот Таусенд Оукс во американската држава Калифорнија.

Нападот се случил синоќа во 23 часот и 20 минути по локално време, во местото оддалечено околу 65 километри од Лос Анџелес, соопштила полицијата. Во барот имало повеќе од 200 луѓе кога се случиле убиствата, додека осомничениот за злосторството бил пронајден мртов во локалот. Полициските служби сè уште не го знаат мотивот за нападот.

Во барот се одржувала студентска вечер на кантри музика, еден од повредените очевидците изјавил дека за време на нападот бил на подиумот за играње кога ги слушнал истрелите, по кои сите извикувале „легнете на подот!“.

Луѓето бегале од барот кршејќи ги прозорците, додека други се криеле во тоалетите.

Полицијата не го соопштила идентитетот на жртвите, но музичкиот настан во барот бил популарен меѓу студентите на локалните факултети.