12 извидници од Македонија на Светската извидничка смотра во Јапонија

Во периодот од 28-ми jули до 8-ми aвгуст 2015, во Киара- Хама, Јапонија се одржa 23-тата Светска извидничка смотра.

На неа, во периодот на оддржување, преку 30 000 извидници имаа можност да живеат, учат и да се забавуваат заедно во еден заднички мега камп.

На оваа смотра учество земаа и 12 извидници од Сојузот на извидници на Македонија, пет учесници и седум кои се дел од Меѓународниот Сервисен Тим.

Дополнително, на вчерашното одбележување на 70 годишнината од атомската бомба во Хирошима, присуствуваа и извидници од Македонскиот контингент кои им оддадоа почит на загинатите јапонски државјани.

Светската извидничка смотра се одржува еднаш во четири години на различни места во светот и на неа се собираат извидници од цел свет. Претходната беше одржана во Шведска, додека следната, 24-та светска извидничка смотра ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.