118 новозаразени, 74 оздравени и 4 починати од Ковид-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 118 нови случаи од Ковид-19, а направени се  1363 тестирања.  Истовремено, регистрирани се 74 оздравени пациенти.

Изминатово деноноќие од коронавирусот починале 4 лица.  Во ГОБ „8 септември“ починати се пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, чиј позитивен резултата бил потврден денес.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012.

Направените 1363 теста се преку: ИЈЗ –533, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –73, Биотек –159, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори) -179, Судска медицина-13 и Систина  со PCR метода -239 . Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на ковид-19.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.