Во продолжение ви го пренесуваме целосното соопштение на Иницијативата поддржана од 111 граѓани: Јас барам/Ние бараме: „Земјата да се врати на правиот пат!“:
Ние, како одговорни, свесни и активни граѓани, длабоко сме загрижени за ситуацијата во која што се наоѓа Македонија. Сакаме да дадеме поддршка на изборот на Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. Собранието треба веднаш непречено да почне да работи и да ја врши својата функција на законодавен дом.
Сметаме дека е наша должност да истакнеме јасни ставови и очекувања и да ги поттикнеме нашите сограѓани да се придружат во овие барања. Ова се нашите граѓански барања кои ќе осигураат одговорност и ќе значат заземање на нашиот граѓански глас со намера да се врати нашата земја на правиот пат.
Ние граѓаните бараме:
- Формирање на нова Влада во најкус можен рок, департизација и враќање на функционалноста на институциите во државата како сервис на граѓаните.
Никој не смее да го спречи формирањето на нова Влада на Република Македонија. Очекуваме новата влада да биде реформска, да ги департизира институциите, да ги одрази очекувањата за темелни промени и да ја поврати фунционалноста на институциите како сервис на граѓаните.
- Итно расчистување на крвавиот обид за велепредавство и насилно уривање на уставниот поредок кој се случи во Собранието од 27.04.2017 и одговорност за сите инволвирани согласно нивните дела и акции. Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство бараме да си ја завршат работата професионално и одговорно.
Инсистираме на брза и ефикасна истрага од надлежните институции која ќе донесе одговорност за насилниците кои се кријат зад наводни граѓански иницијативи и крвавиот напад врз пратеници, новинари и вработени во Собранието на РМ. Бараме јавниот обвинител Марко Зврелевски да биде разрешен. Бараме кривична и политичка одговорност за наредбодавачите, инспираторите и организаторите, вклучувајќи ги и оние кои седат во институциите и политичките партии, за 28те извршени кривични дела кои ги нотира Хелсиншкиот комитет, вклучувајќи: обид за убиство, велепредавство, насилство спрема претставници на највисоките државни органи, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, повикување на насилна промена на уставниот поредок, злоупотреба на службена должности и злосторничко здружување.
- Мандатот на Специјалното јавно обвинителство да биде продолжен и по 30 јуни 2017 и да не се попречува неговата работа од страна на други институции.
Даваме целосна поддршка за продолжување на мандатот на СЈО за непречено откривање на вистината и понесување одговорност на најодговорните. Посочуваме дека сме против секоја идеја за амнестија на политичарите или нивните соработници за злоделата што се сторени во Македонија, а се во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.
- Секое насилство да биде осудено и соодветно санкционирано. Институциите и партиските лидери да изразат цврсти уверувања дека во Македонија говорот на омраза и криминалот од омраза нема да се толерираат и сите еднакво ќе одговараат пред законот.
Институциите треба да постапуваат неодложно и да го санкционираат говорот на омраза и криминалот од омраза. Политичарите да се застапуваат за вредностите на соживот и интеграција и да не се дозволува ширење тензии и поделби меѓу граѓаните.
- Политичкиот прогон од страна на институциите на заробената држава врз граѓанските организации да запре, граѓаните и нивните здружувања да не бидат попречувани во користењето на своите права и слободи.
Институциите да им овозможат на граѓаните да ги практикуваат своите права, а нивните апели за владеење на правото и слободна демократска Македонија да бидат чуени. Оркестрираните напади и контроли врз десетици организации да запрат и да им се овозможи да се вратат на својата работа.
- Да се овозможи на медиумите да ги информираат граѓаните објективно без да се соочуваат со притисоци и насилство.
Новинарите и медиумските работници мора да бидат заштитени во вршењето на својата должност од насилства и почитички притисоци. Јавниот радиодифузен сервис да почне да ги известува објективно граѓаните на државата а институциите да обезбедат слободен простор за објективно и одговорно новинарско работење.
Со почит,
- Соња Јанеска
- Соња Ѓоргиева
- Соња Бабулова
- Слободанка Милошевска
- Слободан Михајловски
- Славко Миладиновски
- Славица Анастасовска
- Сибел Амет
- Сергеј Милошевски
- Светлана Сиљјаноска
- Сања Богатиновска
- Сандра Анастасовска
- Ристо Бабулов
- Павлинка Божикова
- Огнен Јанески
- Никола Писарев
- Никола Наумоски
- Нетка Ковачева
- Нетка Каракашева
- Нела Витошевиќ
- Невена Георгиевска
- Наташа Бабулова Ангелеска
- Митко Шопов
- Митко Каракашев
- Мирко Гавриловски
- Миле Крстев
- Милан Живковиќ
- Марко Михаилоски
- Марјан Забрчанец
- Маријана Мукаетова
- Маригула Димова
- Љуми Бекири
- Ленче Христова
- Ленче Јанакиева
- Ленче Данаиловска
- Кристина Хаџи-Василева
- Кристина Леловац
- Кочо Андоновски
- Коце Божиков
- Катерина Неделковска
- Катерина Аџи-Скерлева
- Катарина Најденова
- Катарина Митеба
- Јовица Стојановиќ
- Јовица Петрушевски
- Јане Лазевски
- Ирена Цветковиќ
- Илија Јанев
- Игор Поповски
- Игор Новески
- Игор Милошевски
- Ивана Петровиќ Донева
- Ивана Јордановска
- Ивана Васева
- Зоран Кардула
- Зоран Зузаровски
- Зизо Љамковски
- Жарко Васиљевиќ
- Елизабета Јовановска
- Елизабета Божиноска
- Елена Николовска
- Ѓунер Исмаил
- Ѓорги Тасев
- Драшко Костовски
- Драган Додевски
- Донка Батакоја
- Дона Костуранова
- Домника Кардула
- Демијан Хаџи-Ангелковски
- Дејан Ристов
- Даниела Милошевска
- Даниел Јанев
- Горазд Смилевски
- Влатко Секулоски
- Владо Димовски
- Виолета Лазаревска
- Вилдан Дрпљанин
- Велимир Арсов.
- Васко Лазаревски
- Васил Христов
- Ванчо Христов
- Ваљон Ќерими
- Братољуб Шурланковиќ
- Бојан Младеновски
- Бојан Маричиќ
- Биљана Тануровска Ќулавковски
- Билјана Младеновска
- Бети Пеева
- Ацо Стојанов
- Ацо Манински
- Анита Ивковиќ
- Анжелика Апсис Апчевска
- Ангела Илиевска
- Александра Филипова
- Александар Младеновски
- Александар Лазаров
- Александар Лазаревски
- Александар Донев
- Александар Гочев
- Александар Богоевски
- Адријана Лавчиска
- Адриана Селмани
- Стојче Димов
- Танка Христова
- Тодорче Тасевски
- Томе Христов
- Уранија Пировска
- Филип Јовановски
- Филип Кондовски
- Филип Стојановски
- Христијан Ѓоргиевски